Ви ги најавуваме следните настани:
Дарко Рундек со Карго Трио во Скопје
Дарко Рундек со Карго Трио во Скопје

Музичкиот херој на некогашната југословенска сцена Дарко Рундек на 9ти мај во универзалната сала пред скопската публика ќе го одржи долго очекуваниот концерт во придружба  неговото Карго Трио.

Бендот во октомври минатата година објави нова песна Midnight Calypso, со која на публиката и најави дека може да очекува нов албум во блиска иднина, а дотогаш, последно издание на групата останува албумот „Плави авион“, кој излезе во 2010 година.

Минатата година беше издадена и книгата „Kнига за песните: Рундек, помеѓу“, чиј автор е хрватскиот музички новинар Анте Перковиќ. Во неа се опишани приказните за настанувањето на дел од хитовите во кариерата на Рундек, а содржи и мноштво фотографии, од кои повеќето никогаш претходно не биле објавени.

Скопјани ќе имаат вистинска прилика во интимна атмосфера да ги слушнат старите хитови на Хаустор но и новиот матерјал на овој неуморен музички номад кој воодушевува со секоја изведба.

Цена на билет - 400/500 ден.

  ГАЛЕРИЈА