Ви ги најавуваме следните настани:
КРИК


ЦМА КРИК Скопје заедно со учениците од Државното училиште за глувонеми млади луѓе ДУЦОР Партенија Зоографски, организира хуманитарен настан: театарска претстава и лотарија.

Кратка претстава која носи силна порака, за моменталната состојба на овие лица и нивното секојдневие. Целта на овој настан е собирање на финансиски средства за продолжување на активностите со младите глувонеми луѓе како и организирање на фестивал на различности каде се вклучени млади луѓе со помалку можности

Ве очекуваме и би биле благодарни доколку се соберете во што поголем број да го поддржите овој хуманитарен настан .

На настанот ќе имате можност да купите и лоз за лотарија во вредност од 50 денари и да станете потенцијален добитник на една од вредните награди.

Доколку не сте во можност да присуствувате на театарската претстава можете да не поддржите со ваша донација онлајн преку картичка на следниот линк: https://www.indiegogo.com/projects/use-your-hands-to-donate/x/7256721

Настанот ќе се одржи на 18.05.2014 недела со почеток во 19.00 часот во малата сала при Универзална сала.

За продажба на билетите контактирајте не на infokrikcenter@gmail.com или на 070 356 216.