Ви ги најавуваме следните настани:
СКОПСКО ЛЕТО 2004
Цело лето улични музичари затоа што Музиката е енергијата на населението

Под генерално покровителство на Град Скопје,под мотото Музиката е енергија на населението, скопските улични музичари и оваа година под организациската капа на Универзалната сала, го разиграа централното градско подрачје.
Воедно ова беше оригинален и несекојдневен почеток на 35-то издание на Скопското културно лето .На повеќе локации низ централното градско подрачје се славеше Светскиот ден на музиката.Музика за сечиј вкус се слушаше од улицата и Плоштадот Македонија, Градскиот трговски центар и Старата скопска чаршија.Се пулсираше со музика и енергија од млади виртуози кои му дадоа еден посебен шмек на градот - адреналин на случајните минувачи, беа атракција за странските посетители, а намерните гости имаа незаборавно музичко доживување.
Се на се,традиционалниот настан во организација на Универзалната Сала , а со подршка на Град Скопје, го потврди и го докажа годинешното мото дека музиката навистина е енергија на населението, а самиот настан кој ќе продолжи и во наредниот период стана битен и препознатлив сегмент на летното градско живеење.

Универзална сала како реализатор на проектот Улични музичари се јавува од 2011 година. Во овој проект учествуваат 42 музичари, кои својата активност ја остваруваат на просторот на централното градско подрачје (ул. Македонија, Плоштад Македонија, Градски трговски центар и Старатоскопска чаршија).
Овој проект докажувајќи го својот квалитет, ја остварува и својата цел, а тоа е анимирање на жителите на главниот град како и се поголемиот број на посетителите од странство.
И оваа година проектот е збогатен со нови активности поврзани со битни наши и меѓународни настани.


Под мотото Музиката е енергија на населението, скопските улични музичари и годинава под организациската капа на Универзалната сала го разиграа централното градско подрачје. По примерот на светските метрополи, 42 улични музичари внесоа возбуда и ја раздвижија саботната монотонија на Скопје.

Воедно ова беше оригинален и несекојдневен почеток на 35-то издание на Скопското културно лето .На повеќе локации низ централното градско подрачје се славеше Светскиот ден на музиката.Музика за сечиј вкус се слушаше од улицата и Плоштадот Македонија, Градскиот трговски центар и Старата скопска чаршија.Се пулсираше со музика и енергија од млади виртуози кои му дадоа еден посебен шмек на градот - адреналин на случајните минувачи, беа атракција за странските посетители, а намерните гости имаа незаборавно музичко доживување. Се на се,традиционалниот настан на Универзалната Сала го потврди и докажа годинешното мото дека- Музиката навистина е енергија на населението, а самиот настан кој ќе продолжи и во наредниот период стана битен и препознатлив сегмент на летното градско живеење



  ГАЛЕРИЈА УЛИЧНИ МУЗИЧАРИ