Ви ги најавуваме следните настани:
Скопските улични музичари со рок свирки
Збогатување на настапот Скопските улични музичари со рок свирки

Годинава ,под генерално покровителство на Градот Скопје, традиционалениот настан на Универзална Сала-Скопје, Скопски улични музичари , уште повеќе ќе се збогати со настап на рок бендови. Бендовите ќе настапуваат секој петок (20.30 до 22.30 часот )и сабота (претпладне од 10 до 12 часот), се до крајот на месец септември.
Целта на Градот Скопје и Универзалната Сала е да се разбие летната викенд монотонија на градот ,да понуди едно богато музичко освежување на своите граѓани и забава под отворено небо за сите генерации.
Овој петок (27 јуни)летните рок свирки ќе ги отвори бендот Puzzle на Плоштадот Македонија со почеток од 20.30 часот . Вокалистката на бендот, Лена Заткоска има настапувано на Макфест, Охрид Фест и X фактор Адриа.
Покрај бендот Puzzle, во наредните викенди ќе настапат Cillplay на јавноста познати од нивниот настап како предгрупа на ZAZ и Влатко Илиевски , Лабаво Лабаво, бенд кои веќе добро и познат на јавноста со преработките на реге,поп, хип-хоп и рок преработки, но и со свои авторски дела како и бендот Fill the blank млади музичари кои имаат настапи низ цела Македонија.
Застанувајќи зад овој проект,Градот Скопје и оваа година покажа и докажа дека го поттикнува урбаното и културното живеење, подржувајќи ги докажаните вредности и афирмирајќи ги младите кои допрва треба да остават свој печат.