Ви ги најавуваме следните настани:
PUZZLE I CHILLPLAY ВО РАМКИТЕ НА СКОПСКИТЕ УЛИЧНИ МУЗИЧАРИ
ВИКЕНДОВ СКОПЈЕ ГО ТРЕСЕШЕ РОК ЕУФОРИЈА ОД НАСТАПИТЕ НА PUZZLE I CHILLPLAY ВО РАМКИТЕ НА СКОПСКИТЕ УЛИЧНИ МУЗИЧАРИ

          

На 27 јуни (петок) со почеток во 20.30 часот се одржа свирката на рок бендот Puzzle во рамките на традиционалната манифестација "Скопски улични музичари ", во организација на Универзална Сала-Скопје, а под покровителство на Град Скопје. Настапот треаше цели два часа без пауза, се одржа на Плоштадот Македонија, на потегот пред City Gallery,а се изведоа познати светски рок нумери.
Уште со првата нумера, ефектот беше постигнат - немаше минувач на Плоштадот Македонија, кој барем на кратко не застана да види и слушне што се случува. За многу кратко време, се собра голема публика, не карактеристична за вакви настани на отворено.
Во првиот час од натстапот, публиката беше повеќе фамилијарна (родители со деца) кои играа и пееја заедно со бендот, но забележителен беше и големиот број на странски туристи кои цели два часа се фотографираа и се забавуваа со рок настапот на отворено. На вториот час од настапот на бендот, забележливо беше собирањето на се поголем број на млади луѓе на кои ток свирката очигледно убаво им се погоди за вечерното петочно излегување. Груба проценка на публика- околу 100 луѓе кои исциркулираа во текот на двата часа додека траеше настапот.
Вториот ден од викендот (сабота на 28 јуни), со почеток од 10 часот настапи бендот Chillplay, составен од гитара, бас гитара, клавијатура , вокал и тапани. Настапот на бендот го анимираше буквално целиот плоштад. Уште од 10 часот се постигна целта-почна да се собира публика, која се зголемуваше како што одминуваше времето. Интересен беше фактот што минувачите играа низ целиот плоштад, па дури излегуваа од околните кафулиња за да играат и пеат.
Настапите на рок бендовите во рамките на традиционалната манифестација Скопски улични музичари, во организација на Универзална Сала ,а под покровителство на Град Скопје, внесе еден нов дух на градското живеење, што особено недостигаше во летниот период, особено за граѓаните кои вечерите ги минуваат во прошетка, а се желни за забава која нема да го оптовари домашниот буџет, практика која редовно се нуди на плоштадите на светските метрополи.
Нредниов викенд треската продолжува. Во петок очекувајте го бендот Келија 9, чиј настап на Плоштадот Македонија е со почеток од 20.30 часот.

       

  ГАЛЕРИЈА