Ви ги најавуваме следните настани:
АСТЕРФЕСТ
АСТЕРФЕСТ
Ревија на наградени филмови


На 25 јули (петок) со почеток од 21 часот на Летната сцена на плато пред Универзална Сала ќе се одржи ревија на наградени филмови од Астер Фест.Ќе бидат прикажани краткометражните филмови-полскиот “Бирди” во режија на Ewa Kochanska, македонскиот филм “Добро време за умирање” од режисерот Сенад Абдули,индискиот “Измет врз бедатата” од режисерот Vijay S. Jodha,францускиот “Литературните мистификации- како се создава најпродаван автор гуру” од режисерот Joris Clerte, австрискиот режисер Juliana Neuhuber ќе ни се претстави со 3 минутниот филм “Прв поглед”, а со филмот “Нечуен” од режисерот Siegmund Skalar ќе се заокружи проекцијата на Астер Фест на годинешното Скопско Лето.