Ви ги најавуваме следните настани:
Aksak fanfar - Франција
Концерт на Балканска музика
Aksak fanfar - Франција


Жешките културни денови пред Универзалната Сала продолжуваат со концерт на балканска музика на Асак Фанфар од франција кој ќе се одржи на 28 јули(понеделник) со почеток од 20.30 часот.

Асак фанфар е голем оркестар од 10 француски музичари водени од балканската ориентална музика. Групата го зарзвива и истражува музичкиот репертоар низ целиот јужен Балкан(Македонија, Хрватска, Арменија, Албанија) Голема инспирација црпат Кочанскиот оркестар и ромската музика. Нивната музика осцилира од бавна и меланхолична до брзи и динамични танци.