Ви ги најавуваме следните настани:
Фолклорен ансамбл -Казбеги-
Концерт на Фолклорен ансамбл „казбеги” - Грузија
(Во соработка со фестивалот „Илинденски денови”)


Скопско лето пред Универзална Сала се заокружува со концертот на фолклорниот ансамбл Казбеги од Грузија, кој ќе се одржи на 30 јули(среда) со почеток од 20.30 часот.

Грузискиот ансамбл „Казбеги“ е формиран во 1992 година како дел од Здружението за развој и ренесанса на Грузија. Ансамблот Казбеги е еден од најдобрите кореографски ансамбли во Грузија за што има добиено многу светски награди и признанија.