Ви ги најавуваме следните настани:
Acoustic Square Fest 2014
TRET AKUSTIK SKVER FESTIVAL VO UNIVERZALNA SALA

Универзална Сала со поддршка и афирмација на македонската рок музика

Во рамките на третото издание на манифестацијата Акустик Сквер Фестивал на 5 септември со почеток од 21 часот, организаторот Универзална Сала продолжува со поддршка на младите македонски музичари давајќи им шанса  не само да го покажат својот талент, туку и да настапат на професионална сцена и своите авторски песни да ги добијат снимани на носач на звук. Оваа година Универзална Сала акцентот го става на мотивација на македонските рок бендови и афирмација на македонската рок музика.

На годинешното издание пред Платото пред Универзална Сала ќе настапат македонските рок бендови– Chillplay, Fill the blank, Kelija 9, Wave, Marlon Brando Bend, Дуо Деница и Марко, Дуо Владимир и Тања и Лена.

Младите рок изведувачи ќе настапат на сцената каде како специјални гости ќе настапат и Наде Талевска Спасовска и гостинот од Варна, Бугарија, Владимир Стојанов.

Секој бенд ќе настапи со неколку свои авторски песни кои ќе бидат снимани на носач на звук со што ќе се документира нивниот авторски музички потенцијал., што е и една од целите на Акустик

На 5 септември Универзална Сала заедно со македонските рок бендови ќе приреди незаборавно и жестоко рок доживување.

Акустик Сквер Фестивал се одржува по трет пат во организација на Универзалана Сала – Скопје, а дел од програмата на Град Скопје.