Ви ги најавуваме следните настани:
ГОЛЕМ ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ
Црвениот Крст на град Скопје ( вклучувајќи ги сите пет Општински организациии на Црвениот крст на територија на град Скопје) и други соработници организира ГОЛЕМ ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕР Тво  Универзална Сала– Скопјена 03.04.2013 година со почеток во 20:30 часот. Целта е да се обезбедат финансиски средства кои му се неопходни на  Боро  да го продолжи своето лекување.
На хуманитарниот концерт ќе настапат врвни имиња од Македонската музичка сцена: НОКАУТ, ЛЕБ и СОЛ, Игор Џамбазов,Бени& Нон Стоп,како и танчери и ѕвезди од Танц со ѕвездите.

Генерални покровители на концертот се :
• Универзална Сала Скопје
• ИНФОМЕДИА Системи ( професионална аудио, видео и светлосна опрема)

Боро Стаиќ има 18 години, и животот е пред него, но живот полн со неизвесност и тешки предизвици. Пред неколку месеци, при скок во вода, се здоби со тешки повреди на 4 / 5  р’бетен пршлен. Како последица на повредата има целосна парализа на рацете и нозете (tetraplegia).Неговиот и нашиот живот добија сосема поинаков тек.Од тогаш, единствена  желба ни е да оздрави, да ја поврати функцијата на рацете и нозете и да живее достоинствен и исполнет живот.
Вашата хуманост и Вашите донации за нас се драгоцени. Ни помагаат многу, бидејќи чувствуваме дека не сме осамени во нашата мака, имаме надеж, верба и сила да издржиме... БИДЕЈЌИ ЗАЕДНО МОЖЕМЕ ПОВЕЌЕ.
Цената на билетите е 300 денари.

  ГАЛЕРИЈА