Ви ги најавуваме следните настани:
39. MOT
АМАРИЛО

Teatro Línea de Sombra, Mexico City (MEX)
60 min.
Според текстови на/Based on texts by:Gabriel Contreras and Harold Pinter
Режисер/Director: Jorge A. Vargas
ИГРААТ | PERFORMED BY:

ПРОДУКЦИЈА | PRODUCTION:
•  ЗА ПРЕТСТАВАТА
•  ABOUT THE PERFORMANCE



Еден човек си замина и од него нема ниту глас. Амарило, Тексас, е дестинацијата на која никогаш не пристигна. Една жена во далечината го реконструира неговото тело, идентитет, маршрутата што веројатно ја следел и замислениот говор на отсутниот. Од пронаоѓањето на овие делчиња и траги произлегува орографијата и можните предели од неговото патување. Потрага во која, освен географската и документарната трага, се манифестира и емотивната трага на отсуството. Тој маж и таа жена имаат повеќе лица, стотици илјади идентитети што се согласуваат со сликата за нацијата со постојани преселби, која полека се испразнува себеси. Амарило е далечно место, но ја претставува и интензивната боја и екстремната суровост на пустинското сонце.
Ова е дело што ги истражува поимите на културниот идентитет, односите меѓу реалното и виртуелното, помеѓу документарното и фиктивното; извезено во процесот, кој се движи од инсталација до сценска акција, од импровизација со предмети до изградба на пејзажи, ткаејќи ги мотивите и визуелната нарација на глетката. Паралелно со сето тоа, се слуша глас како звучна материја, како знак на идентитетот и на звучниот пејзаж на претставата. Јазиците на медиумите, физичкото присуство на актерите и предметите се средствата што се користат за ова патување до Амарило.
Отсутниот човек добива различни ликови и имиња станувајќи симбол за илјадниците разочарани патници со слична судбина. Амарило ја допира сложената природа на индивидуалниот и националниот идентитет во време на масовна преселба, како на оние што заминуваат, така и на оние што остануваат.
The absent man takes on multiple faces and names as he comes to symbolize the thousands of disillusioned travelers who have suffered a similar fate. Amarillo touches on the complex nature of individual and national identity in a time of exodus—both for those who leave and those who are left behind.
• ХОРХЕ А. ВАРГАС
• JORGE A. VARGAS
Хорхе А. Варгас е коосновач на Театро линеа де сомбра. Досега има режирано повеќе од 30 претстави, вклучително со текстови на автори како Антони Нилсон, Ларс Норен, Роланд Шимелфенинг, Џон Фосе и Нил Лабут. Освен тоа, направил и истражувачка „лабораторија” во која се создадени претстави како: Студии и варијации за светот, на Семјуел Бекет, Галерија на оние што умираат (Театро линеа де сомбра), Создавањето на темниот корен (Театро линеа де сомбра) и многу други. Неговите уметнички активности се поврзани и со предавање, одржување работилници, семинари и курсеви во различни градови во Мексико и во други земји.
вторник 23.09. tuesday 22:30 Универзална сала/Universal Hall
вторник 23.09. tuesday 22:30 Универзална сала/Universal Hall

ЗА ДОМОТ СЕ РАБОТИ

IT’S ABOUT OUR HOME
National Theatre, Bitola (MKD)
95 min.
Автор/Author: Gorjan Miloshevski
Режисер/Director: Martin Kochovski

ИГРААТ | PERFORMED BY:
ПРОДУКЦИЈА | PRODUCTION:
• ЗА ПРЕТСТАВАТА
• ABOUT THE PERFORMANCE



Во претставата За домот се работи се преплетуваат шест приказни. Тие зборуваат за историски, библиски важни, фиктивни луѓе и популарни ликови од телевизиските екрани. Драмата се создава од клучните историски настани во животот на Гаврило Принцип, солунските атентатори, Кемал Ататурк, Ное и неговите синови, како и од животот на други значајни личности. Освен тоа, на нив се надоврзуваат конфликтите на современите Македонци и тоа преку драматизација на денешницата со употреба на постоечки и измислени проблеми. За домот се работи започнува со хуманистичките стремежи на ликовите, кои понатаму се разбиваат и ја откриваат голата вистина за нивната деструктивна природа. Претставата комуницира директно: преку јасни ставови, индивидуални и колективни пароли, заблуди и разумни согледувања, и во неа, меѓу другото, се застапени личните ставови на актерите во однос на ликовите што ги играат. Преку борбата да се зачува сопствениот дом, се отвораат темите за ропството, слободата и моќта на идејата, и се критикуваат застарените и малициозни историски, политички и религиски догми. Ниту еден од режимите за кои се зборува не е поштеден од критика, но тоа што останува непроменето, е тоа што на нишан секогаш остануваат обичните луѓе. Оваа претстава сака театарот да го претвори во една голема судница и така да ги поттикне луѓето да заземат свој став.
Горјан Милошевски
Останува прашањето: Колку и што кај луѓето се променило од нивниот настанок, па сè до денес?
The question remains: How much and what has been changed in humans since the beginning of their existence until today?
• МАРТИН КОЧОВСКИ
• MARTIN KOCHOVSKI
Мартин Кочовски е македонски театарски режисер. Oд 2001-ва година наваму тој активно работи на македонската и на театарските сцени низ Балканот.
Од неговата богата биографија како режисер, може да се истакнат претставите работени според делата на Бертолд Брехт, кои со својата специфичност предизвикаа исклучителен интерес, особено на македонската театарска сцена. Од неговите позначајни претстави може да се издвојат (избор): Бертолд Брехт, Тапани во ноќта (НУЦК Марко Цепенков, Театар Војдан Чернодрински, Прилеп), Бертолд Брехт, Кавкаски круг со креда (НУЦК Марко Цепенков, Театар Војдан Чернодрински, Прилеп), Бертолд Брехт, Швејк во Втората светска војна (НУЦК Марко Цепенков, Театар Војдан Чернодрински, Прилеп), Бертолд Брехт, Баал (Драмски театар, Скопје) Дејан Дуковски, Поблиску (Мал битолски театар, Битола), а автор е и на повеќе меѓународни проекти помеѓу кои: Црвено и Мажот е маж.
За домот се работи, е негова четврта претстава во НУ Народен театар, Битола. Тој до сега учествувал на бројни домашни и меѓународни фестивали и неговите претстави се наградувани во: Босна и Херцеговина, Србија, Словенија, Чешка, Бугарија и Македонија.

http://mot.mk/?portfolio=amarillo
http://mot.mk/?portfolio=bitolski

петок 26.09. friday 20:00 Универзална сала/Universal Hall
петок 26.09. friday 20:00 Универзална сала/Universal Hall