Ви ги најавуваме следните настани:
Оро без граници
Детскиот културен центар “Карпош“  со подршка на Градот Скопје и годинава по дваесет и трети пат го организира и реализира најмасовниот и најстариот Меѓународен детски фолклорен фестивал “Оро без граници“, кој ќе се одржи од 29.09 до 03.10.2014 година.
Во досегашново  одржување на фестивалот градот Скопје и Македонија биле домаќини на повеќе илјади странски и исто толку домашни деца-фолклорци.



Гости оваа година се групи од: Србија, Украина (две групи), Грузија,Унгарија,Бугарија,Турција и 8 домашни ансамбли...
Според фестивалската програма, на 30 септември (вторник) е предвидено фолклорно дефиле од Соборната црква Св. Климент Охридски до Универзална сала.

Според фестивалската програма, на 30 септември (вторник) од 17,оо до 18,оо часот е предвидена фолклорна литургија во црквата Св. Климент охридски а свеченото отворање на фестивалот е во 17,30 час.,внатре во црквата ,а Фестивалот ќе го отвори Градоначалникот на Град Скопје г-дин Коце Трајановски.Веднаш потоа од 18,оо до  19,оо часот од пред црквата поаѓа ФОЛКЛОРНОТО ДЕФИЛЕ во правец на универзална сала, прекусемафорите, од десната страна на бул.“Партизански одреди“.Фолклорното дефиле оди по бул.“Партизански одреди“ према Универзална сала, а ДЕФИЛЕТО би требало да ги помине семафорите или пешачкиот премин кај слаткарница Апче ,лево према Универзална сала, каде што во 19.3о часот ќе биде настапот, концертот, на групите, учеснички на Фестивалот.