Ви ги најавуваме следните настани:
ЈУБИЛЕЕН КОНЦЕРТ 20 ГОДИНИ БЛАГОЈА ГРУЕВСКИ
На 11 април 2013 година во Универзалната сала во Скопје со почеток во 20.30 часот, РОСА ПРОДУЦКИЈА организира голем музички спектакл. Прв солистички концерт на еден од најпопуларните народни пејачи во Македонија, Благоја Грујоски. Повод за овој концерт е одбележување на јубилејни 20 години музичка кариера.
На задоволство на неговите обожаватели, целовечерниот концерт ќе биде изведен во живо, во придружба на одбрана екипа на реномирани музичари. Како гостин на концертот ќе настапи познатата фолк пејачка Сузана Гавазова. Целиот настан ќе биде емитуван на Алфа телевизија.