Ви ги најавуваме следните настани:
ИГРА од Данил Хармс
ИГРА од Данил Хармс во Универзална сала 21.10.2014 со поечток во 20:00ч

Најбараната фестивалска претстава „Игра“ која е изведувана речиси на сите меридијани... официјално ја отвора новата сезона на Театар 007. Претставата која е работена според култните раскази на Данил Хармс, под режисерската палка на Игор Ивковиќ, ќе Ви овозможи едночасовно поинакво театарско искуство.

Терминот за изведба на претставата е закажан за 21 Октомври 2014 (Вторник) со почеток во 20:00ч.

ИГРА е претстава – револт и тоа револт на стандардизираната шема на создавање театарски дела најчесто поставувани во т.н. Класичен театар кој се негува во професионалните ансамбли. Тие претстави во голема мера се темелат на основно кажување текст, со основни движења и со пренагласена емоција... претстави во кои движењето е заборавено.
А токму Движењето е основниот елемент на сите игри, кои ги играат децата, тинејџерите, возрасните, но и старите луѓе. Оваа претстава е уште еден револт и на сите политизирања на театарот. ИГРА е алтернативна приказна на професионалниот театар. Таа е Карикатура на претставите во кои се величи национализмот, патриотизмот, наспроти глобалноста, широкоградоста и прифаќањето на различностите. Ова е претстава во која се иронизира, исмејува и пародизира се што значи „локално“, „мое“, наспроти „глобално“ и „наше заедничко живеење исполнето со игра.“

Автор: Данил Хармс
Режија: Игор Ивковиќ
Продуцент: Миодраг Костиќ
Сценографија: Ивана Кнез
Костимографија: Ивана Кнез
Играат: Фаик Мефаилоски, Филип Кипровски, Ангела Наумоска, Јана Пауновска, Дарко Богески, Илина Матеска, Стефан Петровски, Анастасија Ашкилова.

Билети за претставата можат да се купат на касата на Универзлана сала Скопје, секој работен ден од 08:00-20:00ч.

Резервација на билети на телефонскиот број 02/3245- 615 и 078/883-807 или на нашата официјална веб страна www.theatre007.mk.

БИЛЕТИТЕ СЕ ОГРАНИЧЕНИ!