Ви ги најавуваме следните настани:
Скопје Опен 2014
,,Скопје Опен 2014 ‘‘ во организација на  Танцовиот клуб  ,,Ритам Плус,, 

Повторно  оваа година нa 08  и 09. 11.2014 година во Универзална Сала  ќе се одржи традиционалниот  меморијален меѓународен  танцов натпревар  ,,Скопје Опен 2014 ‘‘ во организација на  Танцовиот клуб  ,,Ритам Плус,,  кој оваа година го слави и својот 40 годишен јубилеј.
Првиот ден  ќе имате можност да видите 150 танцови двојки кои ќе се натпреваруваат во латиноамерикански и стандардни танци, додека вториот ден ќе се претстават  над 1000  учесници  со изведби  на модерни танци.