Ви ги најавуваме следните настани:
СКОПЈЕ КРЕАТИВА
Отварање на третото издание од фестивалот за креативни индустрии „СКОПЈЕ КРЕАТИВА“
Специјални гости ФОЛТИН и македонски DJ-и

Третото издание од фестивалот за креативни индустрии „СКОПЈЕ КРЕАТИВА“, во организација на Универзална сала како дел од програмата за култура на Град Скопје, оваа година ќе се одржи на 21 ноември, во Универзална сала-Скопје, со почеток од 20 часот.

Ексклузивно на годинешното издание, ќе бидат промовирани десетици нови производи и услуги од областа на креативните индустрии, а како куриозитет на програмата е првата андроид туристичка апликација за Скопје, насловена „SKOPJE TO GO“ (SK2GO), која ќе биде достапна за сите странски туристи кои ќе доаѓаат на посета во нашиот град.

Исто така, на годинешниот фестивал ќе биде промовирана и првата македонска картонска игра, насловена „Планетата Ерида“, како и официјалниот софтвер за регистрација на креативниот потенцијал во нашиот град и земја, во т.н. форма на „База на податоци“.

Презентацијата на сите производи ќе започне во 10:00 часот, додека официјалното отварање ќе биде во 20:00 часот збогатено со прекрасната музика од македонските амбасадори на новиот современ звук, групата „ФОЛТИН“

Влезот е бесплатен и отворен за сите!




ПРОГРАМА
    Нашиот град ја доби првата бесплатна туристичка апликација насловена „SК2GO“, изработена од македонската компанија „Intelligent Network Solution“. Оваа андроид апликација, работена според најсовремените компјутерски технологии, со сигурност ќе им го олесни престојот на туристите на нашиот град, а воедно ќе ги запознае и со сите културно-историски знаменитости, можностите кои ги нуди нашиот град за забава, исхрана и прошетка.


 



                                  „SK2GO“-првата бесплатна мобилна туристичка апликација

    Официјалната презентација на „SK2GO“, ќе се случи на третото издание на фестивалот за креативни индустрии „СКОПЈЕ КРЕАТИВА“, што ќе се одржи овој петок (21 ноември, 2014) во Универзална сала-Скопје.


    Покрај туристичката апликација, на фестивалот ќе биде промовирана и првата картонска друштвена игра насловена „ПЛАНЕТАТА ЕРИДА“, во реализација на „СОЛАРИС ПРОДУКЦИЈА“, а во соработка со Машнскиот факултет, Природно математичкиот факултет од Скопје и Колеџот за графички дизајн при СЕМОС. Станува збор за прва т.н. board game, т.е. игра, со универзална содржина и со одлична  стратегија, наменета за публика од најразлични возрасти.



 
                        „ПЛАНЕТАТА ЕРИДА“-првата картонска стратегиска друштвена игра

    Имајќи го предвид фактот дека нашата земја и градот Скопје, располагаат со огромен број креативен потенцијал, „СКОПЈЕ КРЕАТИВА“, ја создаде и првата софтверска алатка за регистрација на креативците, во т.н. „БАЗА НА КРЕАТИВЦИ“. Станува збор за онлајн платформа, чија цел е на едно место да се регирстрираат сите оние кои творат во областа на креативните индустрии како и оние кои имаат потреба од нив т.е. компаниите.
 


www.bazanakreatici.com онлајн апликација за регистрирање на креативниот потенцијал во Скопје и Македонија
  
 На фестивалскиот ден на 21 ноември, 2014 од 10 часот изутрината публиката ќе има можност да ги види и дзајнерските светлосни тела на компанијата „ЕССОС ЛАЈТ“, создадени на работилниците во текот на годината, на кои учествуваа младите студенти.

    „СКОПЕ КРЕАТИВА“, годинава посвети внимание на заштитата на животната средина. Во соработка со „Колеџот за графички дизајн на СЕМОС“, скопската Зоолошка градина, доби донација картолина со ликовите на ендемските видови животни од нашата земја, а исто така доби и уникатни дизајнерски решенија за изработка на приврзоци со истите ликови, кои произлегоа од еднонеделната работилница што се одржуваше во едукативниот центар во Зоолошката градина.



 
                                   Картолина со ендемските видови животни во Македонија
    Исто така, на фестивалот ќе бидат промовирани и резултатите од неколкуте работилници, наменети за учениците од основните и средните училишта, што се одржаа во изминатите месеци, предовдени од „ДОМИНО-културно јадро“, ликовните уметнички Петра Јовановска, Маријета Сидовски, а тука се и одличните дизајнерски решенија на студентите од одделот за индустриски дизајн при Машинскиот факултет итн.
 


                                             Светлосно тела на „ЕССОС ЛАЈТ“
    Меѓу учесниците е и мултимедијалниот уметник Вук Митевски, кој одржа работилница за „стоп анимација“, од која што произлезе промотивно видео за конкретен македонски производ.

    Во рамките на фестивалот, ќе бидат промовирани и наградените идејни решенија на компанијата „ВИВА“, „МАМАС“ и „ПАКОМАК“, кои во соработка со платформата „СКОПЈЕ КРЕАТИВА“ упатија повик до сите креативци за создавање нови брендови за нивните компании.

    Фестивалската програма ќе биде заокржена со концерт на групата „ФОЛТИН“ и настап на македонски диџеи.

    За сите активност, ВЛЕЗОТ Е БЕСПЛАТЕН.
Повеќе информации можете да најдете на:
www.skopjekreativa.mk и www.univerzalna.com.mk