Ви ги најавуваме следните настани:
JOHN McLAUGHLIN
Супер ексклузивен концерт на гитарската легенда
JOHN McLAUGHLIN & THE 4th DIMENSION на 22ри Ноември во Универзална сала - Скопје!



Eден од најдобрите и највлијателни гитаристи во светот на сите времиња JOHN MCLAUGHLIN ќе одржи концерт на 22ри Ноември во Универзална Сала во Скопје.
Живата гитарска легенда, човекот кој во својата кариера има издадено неверојатни 40 албуми и соработувано со најеминентните светски музичари Miles Davis, Jimi Hendrix, Carlos Santana, Al Di Meola, Paco De Lucia ... доаѓа во Скопје со својот последен проект 4th Dimension во состав:
John McLaughlin - guitar;
Gary Husband - keyboards, drums;
Etienne Mbappé - bass;
Ranjit Barot - drums;
Посебна ексклузивна нота на настанот дава фактот што концертот ќе се одржи два дена после лондонскиот концерт на 20ти Ноември, кој е закажан во престижната сала Royal Festival Hall, а два дена пред концертот во Виена. Авалон Продукција успеа да го вметне Скопје помеѓу Лондон и Виена на веќе затворена и објавена турнеја од пред неколку дена!
Влезниците за ова големо музичко доживување се пуштени во продажба по цена од 1200,оо денари на билетарата на Универзална Сала.