Ви ги најавуваме следните настани:
ФОЛК ФЕСТ РОСА 2014
ФОЛК ФЕСТ РОСА 2014

И оваа година традиционално, на 28 ноември во УНИВЕРЗАЛНА САЛА во Скопје, РОСА ПРОДУКЦИЈА и РАДИО РОСА ќе го

организираат фестивалот за новосоздадени народни песни ФОЛК ФЕСТ РОСА 2014. Еден од најголемитее атрибути на нашиот фестивал е неговата ревијалност (фестивал без награди), песни во духот  на македонската народна песна, најеминентните композитори аранжери и текстописци. Оваа година ФОЛК ФЕСТ РОСА го одржува петнаесетото издание. Нашиот квалитет го докажуваме со присуство на најголемите фолк звезди во Македонија. ФОЛК ФЕСТ РОСА како културен настан е еден од најзабележаните во Македонија и како и секоја година ќе биде пренесуван директно на една од националните телевизии, како и на нивните сателитски канали. Единствените награди кои што ФОЛК ФЕСТ РОСА ги доделува се награди за животно дело. Во изминативе години наградата за животно дело им беше доделена на: Александар Сариевски, Васка Илиева, Никола Бадев, Кирил Манчевски, Анка Гиева, Наско Џорлев, Петранка Костадинова, Јонче Христовски, Пепи бавтировски и голем број други доајени на македонската народна музика.