Ви ги најавуваме следните настани:
Tyzee и Иноватива Груп

Tyzee и Иноватива Груп најавуваат прв солистички концерт кој ќе се одржи во Универзалната Сала во Скопје на 29.11.2014 ( Сабота ) со почеток во 20:00 Часот.
Во живо ќе се испејат сите хитови на Tyzee од неговиот прв албум “Нешто Поинакво“.

Картите за концертот може да ги најдете во Универзална сала и на сите продажни места на мрежата на MkTickets.

Билетите се продаваат по цена од 250 денари, и на влезот во Универзалната Сала за денот на концертот билетите изнесуваат 300 денари.