Ви ги најавуваме следните настани:
АПЛАУЗИ
Под мотото „Сакам да пеам можам да пеам - сакам да свирам можам да свирам и сакам да играм можам да играм“ на 3 декември 2014 година во Универзалната сала ќе биде одржан традионалниот хуманитарен концерт „Аплаузи“, со кој ќе биде одбележан Светскиот ден на лицата со хендикеп - 3 декември.

Концертот е во организација на хуманитарното здружение „Кралицата Есма и Стево Теодосиевски“ во партнерство со Универзална сала, а ќе настапат деца од специјалните училишта, иснистуции и домови во Република Македонија. Покровител на третиот хуманитарен концерт „Аплаузи“ е министерот Диме Спасов, министерство за труд и социјала. 


Ќе настапат учесници од:
“ПОУ ИДНИНА”, ПОУ “ЗЛАТАН СРЕМЕЦ”, “ДУРМОВ ДИМИТАР ВЛАХОВ”, “ЗАВОД ЗА РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ДЕЦА И МЛАДНИЦИ”, Ј.У. детски дом “11 ОКТОМВРИ”, ДСУ “СВЕТИ НАУМ – ОХРИДСКИ”, ДУЦОР “ПАРТЕНИЈА ЗОГРАФСКИ”, СОС “ДЕТСКО СЕЛО” , ПОУ “Маца Овчарова”-Велес, Завод за рехабилитација “Кочо Рацин” Битола, Хуманитарна Асоцијација “Светот на дланка”, Ј.У. „ДЕМИР КАПИЈА” и здружение на лица со телесен инвалидитет “СКОПЈЕ МОБИЛНОСТ”.

На концертот ке настапат и познати музички имиња кои ќе ја збогатат програмата.

Влатко Илиевски
Новица и Татјана
Лазаревски
Есма Реџепова
Sarah Mace
КУД ,,Гоце Делчев"
Дарко Илиевски
Димитар Андоновски
Вејчеслав Поповски

Цената на билетот е 100 денари, а средствата ќе бидат наменети за децата со посебни потреби од сите институции што ќе настапат.