
| На 17-ти декември, во Универзална сала ќе се оддржи акустичен концерт на Нокаут. Бендот ќе го одржи својот годишен концерт, кој е веќе традиционален неколку години наназад во пресрет на Новогодишните празници. Гости на концертот ќе бидат Игор Џамбазов, Last Expedition, Мио Д.Н.О и Тони Зен. Билетите се веќе во продажба на билетарата на Универзална сала и продажната мрежа на МкТикетс, а концертот ќе биде со почеток во 20.00 часот. Од 1-ви до 10-ти декември; Блок - 400 денари; Партер - 500 денари; Ложи - 600 денари Од 11-ти до 17-ти декември; Блок - 500 денари; Партер - 600 денари; Ложа - 700 денари Напомена: картите се во ограничен број! |
| |