
| За прв пат во Македонија и во светски размери ќе се организира тематски стенд ап спектакл на тема корупција. Со помош на Транспаренси Интернешнл и Транспаренси Интернешнл Македонија дојдовме на генијална идеја против корупцијата да се бориме со нејзино исмевање. Кој дава, а кој го прима (митото) во Македонија?! Кој е професор Ташњаревиќ?! Кој е судијата кој ништо не гледа, а не носи очила?! Зошто не постои доктор без џип, ни сестра без миниќ? Како се дава мито во натура, а како со фискултура?! Зошто се добива помалку робија ако убиеш, отколку ако обијеш?! Ако се препознаете Ваш проблем, ако ве препознаеме, Наш проблем! Ќе се смееме на темите:ЗДРАВСТВО, ОБРАЗОВАНИЕ, СУДСТВО И ЧОВЕКОВИ ПРАВА, но и на корупцијата насекаде околу нас, на корупцијата во царина, полиција,градежништво. Нашата стенд ап репрезентација во состав Весна Бејби Петрушевска, Сашо Тасевски, Никола Тодороски, Бојан Велевски и Ефтим Трајчов Ѓаурски ќе настапи со потполно нов оригинален материјал. Малко изненадување:За оваа претстава важат и картите купени за минатата претстава. Побрзајте, да ја затвориме сезоната со неверојатно смеење!
|