
| Концерт на фолклорниот ансамбл „Quartiere Villanova“ Каљари, Италија |
| Фолклорниот ансамбл ”Quartiere Villanova”, од Каљари, Италија го носи името на еден од најстарите градски маала, последниот градски кварт во кој до денес е зачувана најавтентично традицијата. Оформен е во 1976 година на иницијатива на група млади луѓе, обединети не само од генеричката страст за фолклорот, туку и од големата волја да го оживеат споменот за минатите времиња и да дознаат што повеќе за најдлабоките корени на традицијата во Каљари. Фолклорниот ансамбл поставува на сцена голем број на богати костими, односно автентични народни носии кои потекнуваат од 1700 и 1800 година од градот Каљари. Изведуваат само традиционален фолклорен репертоар на најстарите танци на островот, придружувани од архаичниот звук на лаунедас (дрвен дувачки инструмент од Сардинија) и дијатонска хармоника. Убавината на костимите во комбинација со движењата и танцувањето, ги квалификувааат како многу еминентен ансамбл, кој е достоен репрезент на својата изворна традиција.Токму поради овие атрибути, ”Quartiere Villanova” се членови на „I.O.F.A. (International Organization of Folk Arts)“ и на „F.I.T.P. (Federazione Italiana Tradizioni Popolari)“, кои се пак под покровителство на УНЕСКО. Тие често настапуваат на најпрестижните фолклорни фестивали во Сардинија и во регионот, но и на голем број интернационални фестивали. |
|
|
| Дирекција за култура и уметност – Скопје Directorate of Culture and Arts - Skopje бул. „ Св. Климент Охридски“ б.б. п.фах 519 тел/факс: 3222 341, 3165 064 e–mail: www.dku.org.mk |