
| Улични музичари настапија во автобусите низ Скопје 11.11.2024 Учичните музичари на Град Скопје вчера напладне го напуштија плоштадот и со своите музички изведби настапија во автобусите на ЈСП. Уличните музичари направија едно пријатно изненадување на патниците настапувајки со нивниот репертоар кој вклучуваше и македонска музика, па патниците без двоумење им се придружија веднаш и секојдневната монотонија се разби во навистина весела и распеана атмосфера. Настапија два бенда од кои едниот е „Метаверсус" кој настапува со македонска и странска рок и поп музика а другиот е „Сирин" со својот ориентален стил и етно звуци. Овој проект е дел на програмата за култура на Град Скопје и е во организација на ЈУ Конгресен Центар Александар Македонски кој е во петтата година од своето постоење. Уличните музичари настапуваат во централното градско подрачје и успешно ги забавуваат минувачите. Овој интересен настан успеа да го долови и естрадниот магазин Backstage од МТВ и својата репортажа ќе ја прикажат денеска во 17:40 часот. |
| ГАЛЕРИЈА |