
| Дека креативноста нема граници докажаа 110 пријавени дела на овогодинешниот награден конкурс Trash for art 2015, од кои 9 најдобри ги добија највредните награди. Еколошки ангажираните уметници и креативци ја раскажуваа својата приказна креирајќи со отпад од амбалажа и творејќи во целосна слобода, препуштајќи и се на фантазијата во создавањето на уметничко дело од она во што повеќето гледаат само отпад. На 14ти и 15ти декември, во Конгресниот центар Александар македонски (Универзална сала), учесниците ја продолжија приказната на Пакомак и ги пријавија своите креации во три категории и тоа поединци, училишта и градинки. Сите дела провејуваа со досетливост, креативност и вештина во изработката, па стручното жири имаше тешка задача од сите пријавени да ги одбере најдобрите. Во категоријата поединци првата награда од 30.000 денари му припадна на Дарко Базерко. |
|
Во категоријата училишта 30.000 денари доби ОУ „Браќа Миладиновци" од Скопје. |
| Во категоријата на градинки, првата награда и припaдна на ЈОУДГ „Борис Трајковски" од Демир Капија. |
| Повеќе информации во врска со резултатите од конкурот и наградените поединци, училишта и градинки можете да најдете на веб страната: www.pakomak.com.mk |