
| „Ансамблот Македонија" репрезент на традиционалната македонска песна и оро, кој работи со најдобрите студенти од Одделот за етнокореологија при Факултет за музичка уметност од Универзитетот „Гоце Делчев" - Штип и со ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј" од насоката за традиционална музика и игра - Скопје, во рамките на програмата на Скопско лето ќе одржи концерт вечерва со почеток во 21 часот на Плоштадот „Карпошово востание". |
|
|
|
Од богатиот репертоар на овој Ансамбл кој ги опфаќа и обработува сите играорни подрачја на Македонија, југозападно, јужно, источно и северно играорно подрачје, публиката вечерва ќе има прилика да ужива во дел од нивниот опус. Програмата која е предвидена за вечерва: |
| Скопско лето, е манифестација која под 37 пат се одржува во гланиот град во организација на Дирекција за култура и уметност, под покровителство на Град Скопје и Министерство за култура. ЈУ Конгресен центар „Александар Македонски"-Скопје, оваа година се јавува како организациски помагател на оваа манифестација. |