
| Интересен, несекојдневен викенд настан во сабота во Скопје на централниот плоштад „Македонија„. Интересна комбинација на бенд составен од доктори и медицински сестри од болницата Sykehuset&Vestfold од Норвешка ќе допатува во Скопје и ќе одржи свој музички хепенинг од еден час. Причината за ваквата посета во Скопје е прославата на 25 годишнината од нивното постоење. Групата ја сочинуваат вкупно 11 члена а свират типична норвешка музика, уличен марш, регтајм музика и традиционален џез. Повелете и присуствувајте на овој несекојдневен настан во нашиот главен град! |