| Во рамки на свеченото прогласување на победниците, на Школка ќе се одржи музички хепенинг со почеток во 11:30 часот со дел од учесниците од Проектот „Скопски летен ритам“, Групата Метаверсус. Тие се женски бенд трио кое постои кај нас веќе три години. Бендот го сочинуваат трите млади, убави и талентирани девојки, Маја Колеска (вокал и гитара), Теодора Илиевска (Синтисајзер и помошен вокал) и Марија Узуновска (гитара и бас). Музиката која ја изведуваат се движи во границите на поп рок музиката, почнувајќи од светски изведувачи како Абба, Queen, Red hot chili peppers, Натали Имбруглиа, Cranberries до бендови од нашите простори како Архангел, ЕКВ но ѝ наши изведувачи како, Каролина, Калиопи и други. |