
|
|
| Во рамките на Проектот „Скопски летен ритам“, продолжуваме со богатата содржина за жителите, минувачите и посетителите на Скопје. На Плоштад Мајка Тереза (пред МОБ) во Сабота со почеток во 20 часот ќе биде одиграна Театарската претстава на Театар комедија, „Стујардеси“. Автор - Марк Камолети Режија - Синиша Евтимов Сценографија - Илина Ангеловска Костимографија - Илина Ангеловска Музика - Драган Ѓаконовски-Шпато Станува збор за класична фарса, за текст кој според некои податоци е влезен во Гинис. Во претставата, екипата не се држи целосно до самата фабула на текстот, туку ја приспособува на она што е карактеристично за нас. Во оваа поставка Синиша Евтимов се обиде да го задржи истото време кога оваа претстава е поставена, односно 1960-тите години, тргнувајќи од една теза дека Скопје би било многу „покул“ место ако сите ја слушале музиката на Драган Ѓаконовски-Шпато. Се разбира, претставата на некој начин се потпира на оваа музика, која станува нејзин препознатлив знак. Целото дејство се одвива околу еден архитект-плејбој, кој ја нашол формулата за совршен живот. Имено, неговата замисла тргнува од идејата да имаш три стјуардеси од различни авиокомпании, што ти овозможува да патуваш и секој втор ден да имаш различна свршеница. Актерска екипа: Бернард - Атанас Атанасовски Роберт - Валентин Костадиновски – Тино Берта - Марија Кондовска Габриела - Кристина Ласовска Глорија - Нина Деан Грета - Тања Мицков Претставата е од отворен карактер, наменета за секого и нема влезници. Проектот е поддржан од Скопје а во организација на Конгресен центар Александар Македонски Скопје Универзална Сала. www.kongresencentaram.mk |