РАДИО РОСА во ноември 2013 година ќе одбележи 20 години постоење во македоскиот етер. Манифестацијата ќе се одржи под мотото: 20 години РАДИО РОСА „безрезервен труд за одржување и промовирање на македонските вредности, народната песна, култура и традиција"
По повод одбележувањето на јубилејот, на фестивалот ќе настапат најдобрите изведувачи на македонската народна песна. Оваа година ФОЛК ФЕСТ РОСА го оддржува четиринаесеттото издание. ФОЛК ФЕСТ РОСА како културен настан е еден од најзабележаните во Македонија и како и секоја година ќе биде пренесуван директно на една од националните телевизии како и на нивните сателитски канали. Оваа година добитници на наградата за животно дело се естрадните легенди: Ефто Пупиновски, Војо Стојановски и Благица Павловска. Петок - 29 ноември 2013г. Универзална Сала Скопје. 20,30ч.
|