
![]() |
| „Скопје креатива" е фестивал за развој на креативните индустрии во Македонија; целта на фестивалот е поттикнување и развој на културно-креативната индустрија во Скопје и Македонија преку континуирано настојување за креативно поврзување и соработки помеѓу локалниот уметничко-креативниот сектор со заедниците на бизнисот, идустријата, претприемачкиот сектор во Македонија. Фестивалот „Скопје Креатива" на својата публика и` нуди можност за запознавање со различни идејни и проектни развојни нивоа, на предлози и реализации на прототипи од областа на креативните индустрии, преку различни и досетливи медиумски интерсекции, кои претставуваат инспиративен спој на уметничкото, културното творештво со креативната страна на индустријата. Потенцијалот е голем, потребни се континуирано-цврсти, темелно-интегрирани соработки, кои ќе го изградат и остварат својот импакт во локалното општество и светот. |