| Светски ден на лицата со хендикеп
Светскиот ден на лицата со хендикеп - 3 декември, беше одбележан со хуманитарен концерт „Аплаузи" под мотото „Сакам да пеам можам да пеам - сакам да свирам можам да свирам и сакам да играм можам да играм" на 3 декември 2013, во Универзалната сала. Концертот е во организација на хуманитарното здружение „Кралицата Есма и Стево Теодосиевски" во партнерство со Универзална сала, а настапија деца од специјалните училишта, иснистуции и домови во Република Македонија. Покровител на вториот хуманитарен концерт „Аплаузи" е Г-ѓа Маја Иванова, сопругата на претседателот Ѓорге Иванов, Маја. Покрај децата од специјалните установи настапија и познати музички имиња, а концертот го отвори почесниот претседател на здружението - Есма Реџепова. - Пораката на оваа манифестација не е само да се одбележи денот и да се направи некаква донација, туку да се подигне нивото кај сите граѓани со пораката „Ние сме исто, мојот свет и твојот свет е наш свет", рече Зорана Костовска, претседателот на Здружението „Кралицата Есма и Стево Теодосиевски". Со музички настапи и перформанси настапија деца од посебното основно училиште „Златан Сремац", Домот за деца без родители „11 Октомври", државен училишен центар за образование и рехабилитација „Партение Зографски", специјалното училиште за деца со оштетен вид „Димитар Влахов", специјалниот завод за деца и младинци „Иднина", органзиацијата за лица со хендикеп „Мобилност", Завод за рехабилитација за деца и младинци и специјалниот завод „Демир Капија". Соберените средства од билетите се наменети за децата со посебни потреби од сите институции кои настапија.
|