
| Цело лето улични музичари затоа што Музиката е енергијата на населението
Под генерално покровителство на Град Скопје,под мотото Музиката е енергија на населението, скопските улични музичари и оваа година под организациската капа на Универзалната сала, го разиграа централното градско подрачје. Овој проект докажувајќи го својот квалитет, ја остварува и својата цел, а тоа е анимирање на жителите на главниот град како и се поголемиот број на посетителите од странство. И оваа година проектот е збогатен со нови активности поврзани со битни наши и меѓународни настани. Под мотото Музиката е енергија на населението, скопските улични музичари и годинава под организациската капа на Универзалната сала го разиграа централното градско подрачје. По примерот на светските метрополи, 42 улични музичари внесоа возбуда и ја раздвижија саботната монотонија на Скопје. Воедно ова беше оригинален и несекојдневен почеток на 35-то издание на Скопското културно лето .На повеќе локации низ централното градско подрачје се славеше Светскиот ден на музиката.Музика за сечиј вкус се слушаше од улицата и Плоштадот Македонија, Градскиот трговски центар и Старата скопска чаршија.Се пулсираше со музика и енергија од млади виртуози кои му дадоа еден посебен шмек на градот - адреналин на случајните минувачи, беа атракција за странските посетители, а намерните гости имаа незаборавно музичко доживување. Се на се,традиционалниот настан на Универзалната Сала го потврди и докажа годинешното мото дека- Музиката навистина е енергија на населението, а самиот настан кој ќе продолжи и во наредниот период стана битен и препознатлив сегмент на летното градско живеење ГАЛЕРИЈА УЛИЧНИ МУЗИЧАРИ |