
| Нов бран викенд рок свирки
Во рамките на манифестацијата Скопски улични музичари , настапи на рок бендови настапуваат бендот Келија 9 (петок 4 јули) со почеток во 20.30 часот и Лабаво,Лабаво (сабота 5 јули) со почеток во 10 часот. Настапите ќе се одржат на Плоштад Македонија кај споменикот Цар Самоил. Традиционалната манифестација Скопски улични музичари е во организација на Универзална Сала-Скопје, а под покровителство на Град Скопје |