
| АСТЕРФЕСТ Ревија на наградени филмови |
На 25 јули (петок) со почеток од 21 часот на Летната сцена на плато пред Универзална Сала ќе се одржи ревија на наградени филмови од Астер Фест.Ќе бидат прикажани краткометражните филмови-полскиот “Бирди” во режија на Ewa Kochanska, македонскиот филм “Добро време за умирање” од режисерот Сенад Абдули,индискиот “Измет врз бедатата” од режисерот Vijay S. Jodha,францускиот “Литературните мистификации- како се создава најпродаван автор гуру” од режисерот Joris Clerte, австрискиот режисер Juliana Neuhuber ќе ни се претстави со 3 минутниот филм “Прв поглед”, а со филмот “Нечуен” од режисерот Siegmund Skalar ќе се заокружи проекцијата на Астер Фест на годинешното Скопско Лето. |