
| Концерт на Фолклорен ансамбл „казбеги” - Грузија (Во соработка со фестивалот „Илинденски денови”) |
Скопско лето пред Универзална Сала се заокружува со концертот на фолклорниот ансамбл Казбеги од Грузија, кој ќе се одржи на 30 јули(среда) со почеток од 20.30 часот. Грузискиот ансамбл „Казбеги“ е формиран во 1992 година како дел од Здружението за развој и ренесанса на Грузија. Ансамблот Казбеги е еден од најдобрите кореографски ансамбли во Грузија за што има добиено многу светски награди и признанија. |