
| Црвениот Крст на град Скопје ( вклучувајќи ги сите пет Општински организациии на Црвениот крст на територија на град Скопје) и други соработници организира ГОЛЕМ ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕР Тво Универзална Сала– Скопјена 03.04.2025 година со почеток во 20:30 часот. Целта е да се обезбедат финансиски средства кои му се неопходни на Боро да го продолжи своето лекување. На хуманитарниот концерт ќе настапат врвни имиња од Македонската музичка сцена: НОКАУТ, ЛЕБ и СОЛ, Игор Џамбазов,Бени& Нон Стоп,како и танчери и ѕвезди од Танц со ѕвездите. Генерални покровители на концертот се : • Универзална Сала Скопје • ИНФОМЕДИА Системи ( професионална аудио, видео и светлосна опрема) Боро Стаиќ има 18 години, и животот е пред него, но живот полн со неизвесност и тешки предизвици. Пред неколку месеци, при скок во вода, се здоби со тешки повреди на 4 / 5 р’бетен пршлен. Како последица на повредата има целосна парализа на рацете и нозете (tetraplegia).Неговиот и нашиот живот добија сосема поинаков тек.Од тогаш, единствена желба ни е да оздрави, да ја поврати функцијата на рацете и нозете и да живее достоинствен и исполнет живот. Вашата хуманост и Вашите донации за нас се драгоцени. Ни помагаат многу, бидејќи чувствуваме дека не сме осамени во нашата мака, имаме надеж, верба и сила да издржиме... БИДЕЈЌИ ЗАЕДНО МОЖЕМЕ ПОВЕЌЕ. Цената на билетите е 300 денари. |
| ГАЛЕРИЈА |