
| ,,Скопје Опен 2014 ‘‘ во организација на Танцовиот клуб ,,Ритам Плус,, |
| Повторно оваа година нa 08 и 09. 11.2014 година во Универзална Сала ќе се одржи традиционалниот меморијален меѓународен танцов натпревар ,,Скопје Опен 2014 ‘‘ во организација на Танцовиот клуб ,,Ритам Плус,, кој оваа година го слави и својот 40 годишен јубилеј. Првиот ден ќе имате можност да видите 150 танцови двојки кои ќе се натпреваруваат во латиноамерикански и стандардни танци, додека вториот ден ќе се претстават над 1000 учесници со изведби на модерни танци. |